РЕЦИКЛИРАМЕ

ЗА ИДНИНАТА

Лидери во рециклирање на пластика, херои на иднината.
Се грижиме за екологијата и иднината на генерациите што доаѓаат.
Рециклираме. Рециклирај и ти!. 

Зошто е значајно рециклирањето?

ПЕТ амбалажите можат да ни послужат многу повеќе доколку се рециклирани отколку да бидат заборавени на некој отпад.

Кога се рециклираат, ПЕТ амбалажите се претвораат во многу нови и корисни продукти, како на пример синтетички влакна за полнење на прекривки и перници, ПЕТ пакување за овошја, геотекстил па дури и нови влаши.

ПЕТ амбалажите се навистина значајни за да бидат фрлани. Затоа, РЕЦИКЛИРАЈТЕ!

Што е ПЕТ и како се рециклира?

ПЕТ е акроним за широконаменска и софистицирана пластика наречена Полиетилен Терепталат (Polyethylene Terephthalate). Тоа е всушност пластиката која се употребува за изработка на пластични флаши.

Ваквата пластика се користи за пакување на разни сокови, вода, млеко, ѓус сокови, спортски и енергетски пијалоци како и амбалажа за пакување на храна, продукти за нега на кожа и други фармацевтски производи. ПЕТ пластиката ќе ја препознаете по ознаката #1 која се наоѓа на или блиску до дното на флашата или амбалажа.

ПРОИЗВОДИ

По процесот на рециклирање на ПЕТ пластиката, произведуваме гранулат во разлина големина и боја во зависност од претходно сортираната пластика. Гранулатот е со различен квалитет и истиот е истакнат во техничката спецификација за секој гранулат.